Од следната недела се отвораат угосттелските објекти

Ние и вчера и денеска имавме состнакот со Комисијата за заразни болести и врз основа на анализита на состојбата, Комисијата донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки којшто ќе се одвива во неколку фази.

 

Намалувањето на мерките е согласно повеќе критериуми, кои ги зема и СЗО. 

После следењето на епидемиолошката состојба овие сите економски оператори следната недела во предвид е да се препорача отворање на угостителските објекти со послужување и повторно после епидемиолошката анализа, следната недела после таа, игрите на среќа, казината, теретаните и фитнес клубовите ќе бидат отворени.

Постепено го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителното носење на маска.

Комисијата за заразни болести согласно досегашните трендови на ширење на вирусот подготви научно издржани претпоставки како може да се развива состојбата со вирусот. Анализите се врз основа на научни сознанија и земени се сериозни анализи за развојот на болеста во регионот, европските земји и светот.

Согласно нашите тррендови во периодот којшто претстои се очекува стабилизација на вирусот, но свесни сме дека целосно исчезнување на вирусот тешко е да се очекува. Држењето на заболените под контрола капациетот на болниците и почитување на мерките се индикатори кои е важно да се следат.

Ние во следните 2 месеци очекуваме намалување на ширење на вирусот.

Почитувани граѓани сакам да ве уверам дека може да бидете спокојни дека сите досегашни мерки ги носевме врз основа на стручни медицински анализи коишто дадоа резултат. Мерките на воведување на рестрикции се темелеа на научни сознанија и овие мерки на олабавување се темелат на истите анализи и студии. Почитувањето на трите клучни препораки е исклучително важно за да ја држиме ситуацијата под контрола. Апелирам секогаш да се почитува препорачаната дистанца, да се носи заштитна опрема и да се прави дезинфекција на рацете.

Деновиве се забележува дека голем број ги почитуваат мерките, но за жал има и такви коишто мерките не ги почитуваат, апелирам да се почитуваат мерките бидејќи вирусот не штеди никого“, кажа Филипче.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани