Д-р Валентина Докоска микробиолог од Нефрологија Струга: Излезот е во масовна имунизација, вакцините се сосема безбедни!
Вакцината е единствениот спас, единственото нешто што може да не извлече од оваа тешка состојба, во која се најде целиот свет, вели д-р Валентина Докоска раководител на микробиолошката лабараторија во Специјалната болница за нефрологија Струга.
.jpg)
„Јас се вакцинирав со Фајзер две дози. И можам да се пофалам дека после две недели од втората доза имам добар имун одговор , имам одлична количина на антитела. Немав никакви проблеми од вакцината и сметам дека не треба да се прави разлика која вакцина е добра или лоша, Јас како лекар тврдам дека сите вакцини се добри и ефикасни сите поминале тешки филтри за да стигнат до населението и пазарот“, појаснува Докоска.
Здравствените работници, кои повеќе од една година се на фронтот со кобниот вирус, велат изморени се од неверување во вирусот и антивакциналните кампањи на социјалните мрежи.
„Верувајте се изморивме од објаснување на луѓето, кои не ги признаваат вакцините и вирусот. Можам еве да послужам како пример. Ако сметав дека вакцините не се добри сигурно немаше да се вакцинирам во првите лица во земјава. И син ми го имам пријавено исто за вакцина, има 28 години и пријавен е, кога ке му дојде редот и тој ке се вакцинира. Луѓето не треба да се плашат од вакцинација, а антиваксерите не треба да коментираат за безбедноста на вакцина која ја произвеле и одобриле врвни научници.Впрочем нема друг излез од пандемијата освен масовна вакцинација“, додава д-р Докоска.
.jpg)
Докторката и нејзиниот сопруг , кој е исто лекар не заболеле од корона вирусот, но загубиле свои блиски роднини.
„Сите кои го потценија овој вирус го почуствуваа врз своја кожа или поминаа тешко или изгубија драги личности. Како микробиолог сум учела за бактерии но и за вируси и ке кажам за вирус нема лек, имаме само превентива. Фала му на Бога што медицината ги измисли вакцините како превентивно средство треба да сме пресреќни што за толку кратко време научниците успеја да подготват вакцина за еден нов и непознат вирус! “, вели докторката.
Рутинската работа на микробиолошката лабараторијаво струшката нефрологија не беше прекината ниту еден ден во време на панедемијата. За секој прием во болница се правеа брзи ковид тестови и доколку постоеше сомнеж се правеше конфирматорен тест за ПЦР .
„ И кога беше најтешкиот период кога иавмме и изолации и работа во смени нашата лабрторија не врати ниту еден пациент. Ние ги опслужуваме пациентите кои имаат потреба од микробиолошка дијагностика од целиот регион. Струга, Охрид Кичево, Дебар , доаѓаат трудници, деца , со посебни услови со особена претпазливост направивме посебна просторија за земање брисеви за да ги заштитие пациентите да не ги изложиме на никаков ризик. Постигнавме голем успех и успеавме да го спречиме ширењето ан вирусот и помеѓу болните но и помеѓу медицинскиот персонал “, вели микробиологот Докоска.
Без ниеден ден пауза и одмор , ниту боледување, ниту слободен ден, вака повеќе од една година функционираат здравствените работници.
-„Дневно имаме од 40 до 50 пациенти кои доаѓаат за најразлични анализи. Еден пациент некогаш прави повеќе анализи преку крв или брисеви. Имаме по сторина анализи дневно. Работиме и хемокултури и кај пациенти и од другите болници. Имаме посебен апарат за тоа, единствени сме во целиот регион со ваков апарат“, побјаснува Доковска.
Наскоро ќе биде ставен во функција и новиот апарат за молекуларна дијагностика кој што исто ќе биде прв во овој регион, четири апарати од овој тип ги има во државата.
„Моментално ја доопремуваме просторијата и техничките можности за да можеме да почнеме со работа. Од први мај очекуваме да почнеме со анализи. Со оваа ПЦР технологија ќе можеме за многу кратко време ќе можеме да имаме дијагностика по системи кај септични спостојби за само едно 30 тина минути ќе имаме резултати и можност да дијагностицираме над 30 различни причинители“, вели Докоска.
.jpg)
На почеток молекуларната дијагностика ќе се користи за дијагностика кај животозагрозувачки пациенти.
-„На почеток нема да се работи со амбулантни пациенти, морам да нагласам тоа ќе биде само за хоспитални пациенти со тешка клничка слика од целиот регион.Таму ќе ни биде особено важно и брзото и сигурно дијагностицирање за да го спасиме животот на самиот пациент“, вели Докоска.
Докторката апелира граѓаните да ги почитуваат препораките и да се пријават за вакцинација.
Текстот е изработен во рамките на кампањата „Здравствените работници се нашите херои – со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата здравствена криза во историјата.
