Празна е Велигденската трпеза на семејството Рајчиноски од струшко Мислешево.
Живеат со една минимална плата и кредити за лекување на двете болни деца. Секој ден е битка како да се преживее, а детските желби се скромни. Сонуваат за тоа што е неопходно облека , лекарства и храна. Битката со сиромаштијата и болестите се исцпрпувачки , низ солзи раскажува таткото Илче.

„ Никако , многу тешко живееме , имаме кредити, имаме извршители , блокирана ми е сметката. Колкава ви е платата? 16 000 и се ми е во кредит имам извршители блокиран сум.Кредитите ги зедовме за лекување на децата. Не можам, не можам“,низ солзи вели Илче Рајчиноски жител на село Мислешево Струга.
Ќерката Дукадинка е првото дете во земјава врз кое е извршена успешна трансплантација на бубрег пред десет години. Таа денес е жива , благодарение на нејзината мајка која и го подари бубрегот.

–„Супер работи, бубрегот добро. Одам на конторла на дијализа вели супер е нема ништо. Со таблети . немам маки ништо“, вели Дукадинка Рајчиноска.

Синот има психолошки проблеми, во два наврати ја запалил куќата, а не им го лекувале на Детска психијатрија во Скопје.
Надежта на семејството им е во хуманите граѓани кои со години ги помагаат, но и државата која треба да им обезбеди постојана помош за лекување на децата. Не испратија од нивниот скромен дом со надеж дека тажните детски очи ќе допрат до надлежните институции и хуманите граѓани.
Сите кои закаат да помогнат може да се јават на овој телефонски број 076 742 042
Новинар Соња Рилковска
