Благодарници за општинските административци кои помогнаа во вакцинацијата.

-На административните службеници вработени во Општина Охрид, коишто беа ангажирани во Регионалниот вакцинален пункт при спроведување на имунизацијата во Охрид и регионот им врачив благодарници.Во мое име и во името на сите охриѓани им се заблагодарувам за несебичната поддршка и придонес во спроведувањето на оваа значајна активност за Охрид и регионот, информира градоначалникот Пецаков.
