Физичка пресметка во Велгошти

На 9 јуни 2026 година во 20:43 часот во охридското село Велгошти се случила физичка пресметка помеѓу две лица од селото.

Според информациите од полицијата, по претходна расправија, Д.Н. со дрвен предмет го нападнал С.Р. (24) од Велгошти, по што настанала физичка пресметка меѓу нив.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани