Приведено лице по напад со дрвен предмет во Мешеишта

Полициски службеници од СВР Охрид ноќеска привеле 32-годишен жител на селото Мешеишта, откако физички нападнал две лица и оштетил возило.

Според информациите од полицијата, на 29 јуни во 01:10 часот бил приведен К.Ѓ. (32) од Мешеишта, кој претходно во угостителски објект во селото физички и со дрвен предмет ги нападнал Љ.Ѓ. (57) од Мешеишта и А.С. од Враништа.

По нападот, осомничениот надвор од објектот оштетил и патничко возило „Volkswagen“ со струшки регистарски ознаки.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани