Вечерва, охридскиот театар ќе ја игра “АНАЛФАБЕТ”.
На репертоарот во Центарот за култура вечерва од 20 часот, ќе биде изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Претставата ја играат: Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

