Изминатава сезона на Монт Еврест загинале 10 планинари.
Десетата личност која загина е британскиот планинар, Робин Хејнс Фишер, кој имал 44 години. Деновиве загинал Ирецот, Кевин Хејнс. Фишер колабирал и починал на само 150 метри од врвот.
Монт Еверест станува се поопасно место , поради огромниот број дозволи за качување, кои властите ги издаваат на планинари.
Локалните власти веќе побарале да се ограничи бројот на дозволи за качување. Непал така се најде под бројни обвинувања, бидејќи издал 381 дозвола за пролетната сезона на качувања на највисокиот светски врв. Секоја дозвола чини 11.000 долари.
Двајца планинари од Индија починаа оваа недела додека се спуштале низ планината.
Локалните организатори на патувањето рекле дека едниот заглавил во гужва на планината цели 12 часа, поради што бил многу исцрпен.
65-годишен планинар од Австрија загина на северната, тибетанска страна на планината. Индијка и Американец ги загубија животите на планинатат во средата, а ирски државјанин загина по пад на 16 мај.