Од денес во следните денови во Домот на култура во Охрид се организира голема распродажба на спортска облека.
Кутии со патики, расфрлана облека во галеријата на Центарот за култура. Ваква е денес сликата, а така ќе биде и во следните денови.
Наместо изложби и културни настани како што доликува на еден Дом на култура охридското раководство си дозволи да го претвори во панаѓур.
Зарем е дозволиво во Центарот за култура да се организираат комерцијални распродажби?!!! За ваквото деградирање на културната установа секако најповикан и одговорен е директорот Стрезо Стаматоски.
