После полноќ Охрид доби вода

Синоќа после полноќ Охрид конечно доби вода. Градот остана без водоснабдување повеќе од 24 часа. 

 Од ЈП „Проаква“ навремено информираа охриѓани да се подготват за целодневен прекин кој го најавија дека ќе започне од 1 часот после полноќ до 19 часот синоќа.  Наместо во 19ч градот доби вода дури после полноќ,  со задоцнување од пет часа. 

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи. 

-„Не подготвивме цистерни. Очекувавме да дојде вода во 19часот. Никој не не предупреди дека може да доцнат“, реагираат граѓаните. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани