Сложни другарчиња од Струга, си краделе во Охрид. Ги фатила полицијата и ги „наградила“ со кривична.
Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.О.(27) и П.С.(27), двајцата од Струга.
Пријавените, во текот на минатиот и почетокот на овој месец, со подесен алат и физичка сила провалиле во продавница, бутик и сендвичара на подрачјето на Охрид од каде одзеле каса,пари,лап топ компјутер, мобилен телефон, фотоапарат и други предмети.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 22.500,оо денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
