Попладнево во Охрид ќе слетаат првите холандски туристи.
Со чартер летот организиран од туроператорот „Корендон“ во Охрид ќе слетаат првите холандски туристи. Според најавите на операторот, чартер летовите на релацијата Амстердам-Охрид-Амстердам да траат до 16-ти октомври годинава.Првите чартер летови ќе се реализираат два пати неделно-во вторник и петок, додека во јули и август е можно воведување на уште еден лет.„Корендон“, годинава на охридската ривиера ќе донесе повеќе од 10 000 туристи. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и ТА „Фибула“ потсетуваат дека лани Македонија ја посетија 26.889 холандски туристи со остварени 141.675 ноќевања, со што се во првите десет туристички пазари во нашата земја.