И ФК „Лабуништа“ во хумана акција. Парите собрани од билети на натпреварот ќе бидат донирани за лекување на две девојчиња.
Половина за Сара, половина за Амина.
-Ве повикуваме сите да дојдете и да навивате за Амина и Сара, велат од клубот.
Натпреварот е помеѓу ФК „Лабуништа“ и ФК „Скопје“ а ќе се одржи на 4 Ноември во 13 30 часот.
