Се урна авион во Џакарта, не е пронајдено ниедно тело

Само неколку минути по полетувањето, утрината се урна индонезиски авион на компанијата ,,Лајон Ер“ и падна во морето.

 

Во авионот имало 189 патници , меѓу кои и членови на екипажот.

Индонезинската компанија соопшти дека авионот бил сосема нов и се упатил кон Пангкал Пинангу на остров кај Суматра, пренесува АП.

Индонезиските единици ги пронајдоа остатоците од урнатиот Боинг 737 во близината на брегот на островот Јава.

Околу 300 луѓе, војници, поицајци и локални рибари се вклучени во трагањето, но досега не е пронајдено ниту едно тело.

„Засега можеме да потврдиме дека авионот е урнат. Меѓутоа не можеме да кажеме никакви детали за причината, како и за преживани или загинати лица“, рече портпаролот на компанијата Јусуф Латиф.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани