Фолклорен колорит, се подготвува 63. Балкански фестивал 2024

Се подготвува 63. БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2024. Низ охридските улици од 02 до 05 јули  ќе продефилираат стотици членови на културно уметнички друштва и ансамбли. Туристите и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во фолклорниот колорит на различните народи. На најстарата фолклорна манифестација на Балканот  на сцената на Долни Сарај и годинава ќе ечат зурли и тапани, ќе се вртат ора и ќе се пеат песни.
ПРОГРАМА
02.07.2024 г.
20.00 часот Традиционална изложба
МОМЕНТИ – Изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески
03.07.2024 г.
19.00 часот, место: НУЦК “Григор Прличев” -Охрид – Дефиле
20.30 часот, место Долни Сарај
СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ со програмата на ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – “ТАНЕЦ”.
04.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
04.07.2024 г. КУД Илинден од Битола, Р.С.Македонија
(Музичко сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина)
04. 07.2024 г. ФА Љупчо Сантов од Оризари – Кочани, Р.С.Македонија (сплет на Ора од Осоговијата)
05.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
05.07.2024 г. Фолклорно студио Блажески од Скопје, Р.С.Македонија
05. 07.2024 г. Фолклорен ансамбл Бисери од Охрид, Р.С.Македонија (Повардарие)
КУД “Круг” од Сиднеј и КУД “Бенџо” од Мелбурн, Австралија
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
Место: Долни Сарај / 20.30 часот, aлтернативна сцена: голема сала во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани