Топлото време ги преполни охридските плажи. Вчера на плажата во комплексот „Свети Стефан“ две жени од исламска заедница, прекриени во „буркини“ се разладуваа во Охридското езеро.
Буркини е костим за капење, кој ги исполнува прописите на шеријатот за облекување на муслиманките, со коишто е прекриено поголемиот дел од телото.
На традиционалните облеки за муслиманските жени – бурката и хиџабот во светот не се гледа позитивно. Во Франција се забранети да се носат во образовните институции и во јавните служби.Законот кој стапи на сила 11-ти април 2011 година го забранува носењето на јавни места и на улици „целосен превез“, како што се иранската паранџа, арапските никаб и бурка, кои се широко прифатени кај Авганистанките и Пакистанките. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето. Според законот, појавувањето на јавно место, како улици, паркови, плажи, продавници, ресторани, театри, железнички станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски објекти и во јавниот превоз, со целосно покриено лице повлекува казна од 150 евра.
На муслиманските жени во Франција им е дозволено да ги носат споменатите видови облека кои ги прекриваат лицата дома, во хотелски соби, во простории организации од затворен тип, на места за вршење богослужба и на верски процесии.