Со глава во ѕид ја удирал сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Џ. (39), македонски државјанин на привремена работа во Шведска.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни оваа година околу 21,00 часот, во куќа на улицата ,,Наум Охридски” во Охрид. Тука, тој започнал жестока вербална расправија со В.Џ. која во куќата престојувала заедно со нејзините малолетни деца. Во момент на револт и агресивно однесување, И.Џ. со рацете ја фатил за вратот а потоа држејќи ја за главата ја удирал од зидот, информира портпаролот на СВР ОХрид Стефан Димоски. 

Од силината на ударите, оштетената В.Џ. се здобила со видливи телесни повреди и веднаш била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид каде и е пружена неопходната медицинска помош.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани