Градежните активности на пешачко- рекреативната патека кај каналот Студенчишта се во завршна фаза.
Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства.
Пешачко- рекреативната патека кај каналот Студенчишта ќе има дрвен дел наменет за прикачување пловни објекти, камен пешачки дел со ширина од 4 метри,хортикултурно уредена зона, дел за велосипедисти со широчина од 2 метри и ќе се спојува со прекрасно уредениот мал канал.