Се чини дека полицијата, конечно става ред на пешачката патека од каналот „Студенчишта“ кон комплексот „Парк“.
Двајца полицајци во униформа, цела вечер и цела ноќ „пешачеа“ на патеката а кола паркирана или оставена, немаше ни „за лек“. Полицајците патролираа по целата патека, не кажаа наши читатели и фотка ни испратија за поткрепа на нивното телефонско информирање. Додадоа дека ова било невообичаено, можда и прва ваква патрола по цела патека и цела ноќ. Нашите сограѓани забележале дека еден од полицајците в рака имал и нотес црна боја, сигурно за евиденција на несовесни возачи кои евентуално ќе бидат видени и запрени како возат автомобил по патеката.
Пешачката патека е место каде изминатиов период, најчесто ноќе, се возеа и паркираа коли со што се оштетување патеката. Полицијата и досега предупредувала и казнувала но, ефектите не беа очекуваните . Оваа корисна новина, сега, по се изгледа ќе им стави крај на возењата, посебно во ноќните саати и паркирање на автомобилите што поблиску до ноќните клубови.