Охрид домаќин на годишната конференција на Македонска берза

Македонската берза денеска во Охрид ја одржува 19-та Годишна конференција.

На отворањето, предвидено е обраќање на главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев.Учесниците на конференцијата ќе дебатираат на следниве теми: „Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори“, „Динамиката на европските пазари на акции“, „Идни предизвици и мегатрендови во финансиските услуги“, „Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?“, „Акциите од Централна и Источна Европа во глобалното портфолио -можност за инвестирање преку ETF-ови“ и „Новитети за полесен пристап до информации“. На конференцијата ќе биде доделена наградата „Кристално ѕвоно” за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани