Од ЈП „Водовод“ појаснуваат дека пролонгирањето на најавениот рок за нормализирање на водоснабдувањето се должи на комплексни работи и санација на поголеми дефекти .
-„Дефектот на кој екипите работеа цели 18 часа,се однесува за цевковод од 700 милиметри кој е директно поврзан со пумпна станица Метропол и од кој зависи целото водоснабдување на Општината во летниот период. Со санирањето на горенаведениот дефект се спречија поголеми проблеми кој можат да настанат во екот на туристичката сезона“ ,појаснуваат од Водвод – Охрид.
