Охрид како бојно поле, туристите преплашени

Изминативе денови секојдневно во центарот на градот  МВР подготвува голема симулациона вежба. Летаат хеликоптери, пукаат пиротехнички средства. Градот ечи!

Туристите преплашени, збунети,  вознемирени, избезумени не им е јасно што се случува.  

Вчера околу 14 часот одеднаш почнаа пукотници, хеликоптери, пушки и бомби. Јас лично бев сведок, како повозрасни туристи, кои на раат си ручаа  во еден  ресторан на плоштад , избезумени скокнаа и со исплашени  погледи бараа одговор од вработените. 

Менаџерот на ресторанот ги смируваше на англиски јазик. 

-„Не се плашете. Станува збор за вежба. Полицијата изведува вежба“, им објаснуваа. 

Стоеја до масата, немо се гледаа меѓу себе. Размислуваа што да прават? Дали да веруваат? Дали не?Дали се безбедни? После кратко време  седнаа и продолжија да јадат. 

На вежбата секојдневно реагираат угостителите, туристичките водичи,кајчарите…..

Раскажуваат слични искуства на исплашени туристи. 

-„Наместо да уживаат во панорамските прошетки по мирното езеро, туристите бегаат од градското пристаниште. Се плашат“, велат кајчарите. 

Се прашувам дали е дозволиво една ваква голема симулациона,  бучна вежба да се изведува среде плоштад во главниот туристички центар?

Зошто им се расипува раатот и мирот на охриѓани и туристите? Зарем нема подобри локации?

новинар  Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани