На задоволство на љубителите на поезијата се организира четвртата Поетска манифестација „Охридски поетски бисер”.
Овој пат манифестацијата ќе се одржи на 29 јуни во Манастир “Св.Спас” – Горно Лакочереј.
-„Темата е слободна, поетската творба да не е објавена досега, не подолга од 25 (дваесет и пет) стихови, во Times New Roman, големина 12 и испратена на е-маил ohridski_poetski_bisеr@yahoo.com најдоцна до 15.6.2019 година.Резултатите ќе бидат објавени на 20.6.2019 година“, информираат организаторите.
„Охридскиот поетски бисер“ ќе се одржи Сабота, 29 јуни 2019 од 13:00 до 16:00 часот.
Лани манифестацијата се одржа во манастирскиот комплекс “Свети Стефан” – Охрид.