Општина Дебрца го обновува дворот на црквата „Св. Петар и Павле“

Со ново уреден двор, црквата Црква „Св. Петар и Павле“ во селото Брежани ќе го дочека годинашниот Петровден во далеку поуреден и поубав амбиент.

Во завршна фаза е комплетното уредување на дворот на храмот, каде што се поставуваат 260 метри квадратни бекатон плочки, со што просторот добива нов, достоинствен изглед и подобри услови за верниците и посетителите.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, истакна дека локалната самоуправа продолжува посветено да инвестира во уредување и развој на сите населени места, со цел подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на жителите во Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани