Ова се одлуките од денешната седница во Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седумдесет и четврта седница, го прифати предложениот заклучок за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво и одлуката за распишување на референдум на локално ниво.

Прифатени беа и  предложените одлуки за потребата од прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (platanus orientalis) на плоштад „Чинар“ ,за исправка и за изменување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2479/1 и Кп.бр.2480 КО Коњско, како и на Кп.бр. 2487, 2486/1, 2486/2, 2497/2, 2497/3, 3491 и 2492 КО Коњско.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани