Пецаков: Силно сме посветени на зачувување на статусот УНЕСКО

Градоначалникот Пецаков оствари средба со претставниците на Унеско.

-Заедно со мојот тим остваривме работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија која беше составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и Националниот координативен тим од Македонија.
Во моето излагање ја потенцирав силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното и културното  наследство во Охридскиот регион. Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, информира градоначалнкиот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани