Здружението на пензионери од Струга, на 13 август во излетничкото место Скребатно-Охридско организираа заедничко пензионерско дружење.
Дружењето имаше за цел подобро меѓусебно запознавање и размена на мислења и идеи,а истовремено и да се поразговара за тековните активности на здружението. Иницијативата за заедничко дружење на раководството на ЗП-Струга ја поздрави претседателот на ЗП-Струга Милорад Трпоски. Струшките пензионери кои го посетија селото Скребатно кое се наоѓа во долината на Скребатска река,во западните поли на планината Петрино,под ридот Самарница на надморска висина од 1000 метри.За прв пат во пишаните документи се споменува во еден попис во 1583 година како населба со тресет семејства.Селото Скребатно најнапред било во месноста Лешница,а потоа се преместило на денешната локација.Селото било најголемо 1953 година кога се регистрирани 110 домаќинства и 530 жители.Со пописот од 2002 година во селото живеат 6 домаќинства со 12 жители,а останатите жители се иселени.
Селото го добило името по растението „скреба“еден вид повит кој е карактеристичен за овој дел од Петринската планина.Покрај природните убавини,мотив да се посети ова село е црквата Света Богородица која потекнува од 16 век,каде сите присутни пензионери запалија свеќи за свое здравје и здравје за своето семејство,и располага со мошне природна,уредена околина погодна за одмор и рекреација на посетителите. Пензионерите од Струга воодушевени од природната убавина и уредениот простор најавија повторна средба и во поголем број на пензионери од Струга.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ