Преподобен Максим Исповедник двигател на борбата портив ересот

Според календарот на МПЦ денес се одбележува Преподобен Максим Исповедник.

Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се празнува на 3 февруари (21 јануари), а преносот на неговите свети мошти – на 26 август.

Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани