Разговори за реформите во социјална заштита во Охрид

Панел дискусиите ќе се одржат утре а потоа и во други градови во Македонија.

Реформите во системот на социјална заштита во локални рамки, е централната тема на која, утре. на средба во Охрид ќе дискуираат повеќе релевантни чинители. Панел дискусиите ги организира „Здружението на социјални работници на Македонија“ од Скопје како дел од проектот „Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита“.
Целта на проектот е унапредување на социјалната заштита и социјалните услуги, унапредување на социјалната работа во реформираниот систем на социјална заштита со поддршка на локалното концептуализирање на социјалната заштита и социјалните услуги и зајакнато партнерско вмрежување на чинителите на локалните зедници. Со проектните активности, опфатени се чинители на локалните заедници во 34 општини, меѓу кои и општините од Југозападен регион: Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани