Сo летниот распоред на летање од Охридксиот аеродром достапни се девет европски градови. . Само три од нив се со нискобуџетната компанија,која оперира во земјава, евтини авио билети има до Виена, Дортмунд и Меминген, . Две компании имаат авио конекција до Цирих Швајцарија.Останатите се сезонски чартер летови, кои го поврзуваат Охрид со Холандија, Полска, Србија и Велика Британија.
Експертите велат потребно воведување на нови нискобуџетни авио конекции од охридскиот аеродром.
„Не е Европа она што ја поврзува европската унија, Виз Ер и лоу кост завионите ја поврзаа Европа, на тој начин им се овозм ожува да патуваат за ниски суми со евтини билети да патуваат во различни туристички дестинации.Најдобро е сакндинавските земји да ги земеме како таргетна група затоа што првично најлогично е да иамме лет ако вие немате конекција како ке ги донесете тие трустички групи. Може да направите еден или два чартер летови и тоа е тоа“, вели професорката Ангела Паскуела професор на ФТУ Охрид.
Од Охрид до Белград ќе се лета четири пати недлно. Сезонсата линија стартува на 03 јуни, а ќе ја има до 26 октомври. Потребни се и нови конекции со земјите од поранешна Југославија.
„Секако, Охрид е отворен град имаме идеални услови преку аеродромот да се поврземе и со хрватските градови. Еве со Србија го имаме Охрид- Белград со четири пати неделно. Мислам дека ќе се јави интерес и потреба од воведување на авиолинии особено од екс Ју просторите. Аеродромот треба да се валоризира во повеќе насоки колку и да се инвестира се ќе биде повратно бидејки тие луѓе ќе бидат конзументи на нашите услуги, вели Михајло Филев Почесен конзул на Р Србија во земјава.
Од скопскиот аеродром со летниот распоред на летање достапни се 49 дестинации.
Новинар Соња Рилковска