Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица

Денеска се слави Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица.

Православните христијани денеска го слават големиот празник, Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица.Голем број христијани во црквите кои го носат името на Пресвета Богородица палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Пресвета Богородица како заштитничка на децата и семејството, посебно е почитувана од жените. Тоа е она што дава повод мајките како носителки на род, како заштитнички на домовите, самите мајки на еден начин да се приближат кон светоста на Богородица бидејќи таа е најпочитуваната света жена во православната црква. Со света литургија и богослужби, во чест на Божјата Мајка ќе се одбележи празникот Света Богородица. Традиционално и годинава, празникот ќе биде одбележан со голем народен собир кај црквата посветена на Богородица во Скребатно. На ова големо народно-црковно собирање и прославување, присуствуваат близу 10000 гости-верници. Во чест на големиот празник, на преубавата зелена ледина пред црквата, напладне ќе се служи и ручек подготвен од црквата и црковниот одбор.Според религиското толкување- Успението на Пресвета Богородица е ден кога таа умрела за овој свет и низ смртта на земјата преминала во вечен живот.

 

Social profiles