ВИДЕО: Шестмина загинаа на Халкидики во силно невреме

Шест луѓе ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики.

 

Силното невреме  го погоди првиот и на вториот крак на Халкидики – Касандра и Ситонија носејќи се пред себе. Оштетени се домови и продавници и уништени се многу земјоделски култури.

Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи на кои им се превртил автомобилот во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Десетици лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, а се трага по уште неколкумина исчезнати.

 Забележано е дека торнадото било со најсилен интензитет во местото Никити.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани