Во Дебрца одбележани 83 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“

На Славеј Планина денеска беше одбележана 83-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, настан од особено значење за историјата на Дебрца и македонската антифашистичка борба.

На местото каде што пред 83 години бил формиран баталјонот, почит на загинатите борци оддале градоначалникот на Општина Дебрца Златко Сиљаноски, припадници на Армијата, претставници на Сојузот на борци и ветерани од Дебрца и Охрид. Пред споменикот било положено цвеќе во чест на оние кои ги положиле своите животи за слободата.

„Горда Дебрца никогаш не заборава“, порача Сиљаноски, кој во објавата по повод одбележувањето истакна дека Дебрца останува непокорен крај со богато историско и борбено наследство.

Одбележувањето се одржа на 18 Август – Денот на Армијата, во чест на традицијата и придонесот на борците во борбата за слободна Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани