ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на одделот за ОРЛ ФИБЕРЕНДОСКОПСКИ АПАРАТ , со вредност од околу 12.000 €.
Вредната донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите, истакна директорот д-р Асен Шајн. Раковододителот на одделот д-р Билјана Кичеец изјави дека Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед.
Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот.
Денес флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло.
Исто така се користи за дијагностика кај деца, за рано откривање на зголемен трет крајник.
Фиберендоскопијата служи за дијагностика на:
– Воспаление на нос и синуси
– Алергиски болести на нос и синуси
– Хипертрофија на трет крајник
– Болести на еустахиева туба и средно уво
– Тумори на нос, синуси и фарингс
– Носни полипози
– Болести на гласни жици и грло