Засадено дрво за Разме Кумбароски во Паркот на поезијата во Струга

Засадено дрво  за Разме Кумбароски во Паркот на поезијата во Струга.

 

На денот на неговиот имендан на празникот Св.Еразмо Охридски,на 15 јуни 2022 година,во паркот на поезијата во Струга,за време на одржувањето на литературниот настан …БезРАЗМЕрни величини“,посветен на македонско-струшкиот писател Разме Кумбароски,основач на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“,кој најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ и како кооснивач на паркот на поезијата заедно со долгогодишниот директор на СВП, Јован Стрезоски.

Настанот покрај што беше исполнет со читање поеми и извадоци и од есеите,неговото прекрасно семејство,во паркот на поезијата кој е единствен во светот,покрај добитниците на угледната награда Златен венец на Струшките вечери на поезијата, засадија свое дрвце,посветено за богатото творештво и животот на струшкиот писател Разме Кумбароски,кое го остави зад себе.

Автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани