Жител на Неготино  пронајден удавен во Охридското Езеро

Жител на Неготино  пронајден удавен во Охридското Езеро.

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино. По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство,  констатира лекар од Итната медицинска помош. Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles