Сабота на Телма ТВ во 19 15 часот ќе се емитува филмот „Дедо и внук“.
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски го напиша и сценариото за филмот и успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.
Во филмот играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.