Изминатите денови Охрид беше преполн со туристи од сите страни на светот. Наликуваше како среде сезона.
Но и почетокот на новата туристичка сезона „влече“ со себе стари проблеми.
Охриѓани почнаа да се жалат на проблемите со такси превозниците, кои одбиваат да возат на кратки релации.
-„Почна сезоната и старите проблеми со безобразието на такси превозниците. Деновиве кога градот беше преполн со туристи охридксите таксисти не возат до Варош, ниту на други кратки релации. Во суштина одбиваат да возат охриѓани и амкедонци, чекаат странци од кои дебело заработуваат“, се жалат охриѓани.
