ВИДЕО: Девојче од Шкотска ја пее „Македонско девојче“

Катерина од Шкотска има само 8 години и фантастично пее македонски песни.Прекрасното девојче со типично шкотски лик и имиџ,знае неколку македонски зборови но сепак, фантастично ги пее македонските песни „Македонско девојче“ и “Битола мој роден крај“.

Текстот од песните го научила од нејзината мајка која е од Полска и која е вистинска вљубеничка во Македонија, македонскиот јазик и македонските песни. Овие две македонски песни, 8 годишната Катерина ги испеала при нејзината посета на Домот за стари лица во близина на шкотскиот град Глазгов, пред околу еден месец.Со овие песни, сакала да им го разубави денот на старите лица во домот. 8 годишната Катерина од Шкотска деновиве е во Охрид, ова е нејзина прва посета.Вели дека убаво и е во градот покрај езерото и дека го сака македонскиот јазик и сака да пее македонски песни. 

Погледнете ја неверојатната изведба на „Битола мој роден крај“ и „Македонско девојче“ од девојчето од Шкотска.

 Погледенете ја фантастичната изведба на Катерина

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани