Претставата „СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС во петок (12.04.2019) повторно пред охридската публика.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски Режија: Софија Ристевска Петрушева Превод: Јасмина Петровска Сценограф: Михаел Димитровски Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски Кореограф: Кире Миладиноски Фото и дизајн: Петар Тасевски „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. -Софија Ристевска Петрушева. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот.
