Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

Светскиот ден на Алцхајмеровата болест ќе биде одбележан денеска во Скопје.

Настанот ќе се одржи денеска на плоштадот „Македонија“ со почеток во 12:00 часот. Ќе присуствува и сопругата на македонскиот претседател Елизабета. Ќе биде испратена порака заеднички да влијаеме кон подигнување на јавната свест за болеста, која што ја нарекуваат епидемија на 21 век.
Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест – 21 септември се одбележува по иницијатива на СЗО од 1994 година со цел да се подигне свеста за ова заболување, кое се шири и зема се поголем замав во светот. Според некои податоци секој 68 секунди некој во светот развива Алцхајмерова болест. Тоа е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60 отсто од дементните заболувања. Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани