Синоќа се отвори изложбата на големиот сликар Стефан Хаџи-Николов.
Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ синоќа се одржа изложба на слики од Стефан Хаџи-Николов.
Станува збор за Ова ќе биде 77-ма самостојна изложба на Хаџи-Николов и осма во Охрид со што, сликарот го одбележува тридецениското присуство на охридската ликовна сцена. Претставени се 40 слики од три творечки циклуси на авторот: знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.
-Презадоволен сум од вечерашнот отворање на мојата самостојна изложба која предизвика голем интерес кај посетителите и љубителите на ликовната уметност. Големиот интерес, пред се’, се должи на мотивите од Охрид и знаменитостите на градот, но по подолго време во Охрид ги и поставив фигуративните теми, вели авторото на оваа ликовна поставка.
Изложбата на големиот сликар Стефан Хаџи-Николов што „Охридско лето“ ја организира во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, ќе биде достапна за љубителите на уметноста во Куќата на Робевци до 31 јули.
Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди меѓу кои и државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Северна Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.
Уметникот Хаџи-Николов е роден во Скопје, 1955 година. Педагошка академија- група ликовно воспитување завршил во 1975 година во Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници од 1984 година.