Јордан Манасиевски „Во светот на успешните“

Во ова издание на „Во светот на успешните“, разговараме со охридскиот академски сликар Јордан Манасиевски, бренд во македонското сликарство, уметник кој со своето сликарство високо ги подигна вредностите и дострелите на охридското сликарство ширум светот.

Во 2014 година, Јордан Манасиевски , уметникот со брилијантна македонска и светска кариера е добитник на највисокото општинско признание наградата Св. Климент Охридски патрон на Охрид .

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.
Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Манасиевски е нашиот ликовен амбасадор во светот, сликар со безброј ликовни перформанси кај нас и низ светските уметнички галерии.Неговите уметнички дела ги краси невидена совршеност и беспрекорна ликовна естетика а неговите платна се излагани во најпрестижните изложбени салони во светот. Манасиевски е единствен од Македонија учествуваше на осмото Биенале на уметноста во Фиренца со делото „Визија на радоста“, заедно со околу 600 уметници од 61 земја.

Охриднет: Речиси 4 децении творите и создавате врвна уметност, позната и препознатлива во земјава и странство . Би било убаво да направиме една ретроспектива на Вашето извонредно и богато уметничко творештво.

Јордан Манасиевски: Вистина е дека 4 децении активно создавам и творам дела од светот на боите и сликарството на кое последователно му се посветив се до денес. Мојата љубов кон убавините и тајните на уметничките доживувања, сликата на возвишеното што се вика живот ја започнав уште многу години пред тоа кога го добив првото блокче и листови за цртање.Тогашги направив првите цртежи во прво одделение кои уште љубоморно ги чувам.На детската радост и немаше граници, продолжив да творам во основното училиште и во гимназија. Неколку пати бев наградуван а тоа беше поттик да продолжам да ги истражувам тајните на цртежот, бојата и комбинираните техники.
За моја среќа имав можност да положам и се запишам како студент на Ликовна педагогија во Скопје. Таму се запознав со новите ликовни техники ко во сликарството многу значат и се бесценети. Ги запознав цртежот, актот и вајарството.Јас сум благодарен на моите професори, доаенте Вангел Коџоман, Ванчо Георгиев и Љупчо Стефановски. Тие несебично ми гооткрија патот и патоказот за новите простори во уметноста.

Охриднет: Годинава добивте претсижна награда во Фиренца-Италија.За каква награда станува збор и со кои награди досега е крунисан Вашиот уметнички ликовно- творечки опус?

Јордан Манасиевски: Во јануари оваа 2016 година, сопосебна радост и задоволство ја добив Интернационалната награда „Леонардо Да Винчи“ во Фиренца. За мене, то е признание кое уште повеќе ќе создаде поттик за понатамошно творештво и љубов. Сето тоа кулминираше со взаемна радост и задоволство заедно со мојот близок соработник во уметничкиот свет, човекот кој ја води галеријата „Букефал“ Љупчо Жупаноски. Тој несебично се бореше заедо да стугнеме до реалните успеси во светот. Тој беше иницијаторот кој, во 2009 година прв го понесе моето дело на Есенсиот салон во Париз. Таму,помеѓу 500 сликари од светот, бев предложен во првите пет за наградата „Гранд При“ од ширито во Париз. Истата година ја добив специјална награда за цртеж на Светската галерија за цртеж од Остен, што за мене претставува големо домашно признание. Последователно доаѓаа и други покани и учества во салони низ Европа и светот. Во изложбениот салон на Лувр-Париз, бев награден со специјална награда од Јапонската асоцијација. Во Токио учествивавме, во два наврати во Њујорк каде што бев присутен сослика на видео бимот посветен за децата кои ги изгубиле родителите во трагичното цунами во Јапонија. После тоа, со значајно дело учествував на Биеналето во Фиренца, светската престолнина на уметноста, каде бевме заедно со галеристот Љупчо. Да се изложува во градот во кој пред половина милениум работеле генијалните Микеланџело и Леонардо и многу други претставници на ренесансата и уметност е повеќе од почест. Следниот успех и видување на моите слики, опусот на современото сликарство беше крунисано во каталогот Premio dela Critica 2015 воПалермо каде познатите критичари го дадоа своето мислење и реална критика која за мене многу значеше. Набрзо потоа бев поканет да учествувам на јубилејната изложба посветена за скулптурата „Мојсие 500 години“ во Рим каде ми беше доделена Интернационалната награда „Артист на јубилејот“. Наградат, во мое име ја прими галеристот Жупаноски. Во замокот „Орсини“ во близина на Рим, ја добив интернационалната награда „ Sala Plenarija„ за високи стилски вредности. Следеа и други успеси и ликовни видувања со познати сликари и ликовни критичари од светот. Добивав покани за уште неколку светски изложби од кои ја прифатив онаа за учество на сликарското триенале во Верона. Се гордеам со сите награди како и со посебната специјална награда од Јапонската асоцијација која годинава ја при крај на минатата година ја добив за учество со слика на Spectrum изложба во Мајами. Овде со посебно задоволство ја истакнувам поканата за учество на големото престижно ликовно триенале, што во јуни годинава ќе се одржи во Верона-Италија.

Охриднет: Како ја оценувате актуелната состојба на ликовен план во Република Македонија?

Јордан Манасиевски: Како творец со долгогодишно досегашно искуство, ме радува што во Македонија имаме сликари кои слободно можат достоинствено да се носат и престават заедно со многу врвни сликарски имиња од светот. Тоа треба да значи дека на македонските сликари треба да им се пружа постојана подршка од сите надлежни инстанци па дури иод бизнис секторот со цел нашите сликари да можат да имаат уште поголема светска афирмација и можност да бидат забележани на престижните светски ликовни салони и центри. Ме радува што многу мои колеги од Македонија, веќе се добитници на големи награди на познати и признати ликовни салони и изложби во светот, што ми дава за право да градам надеж дека кај нас има плодна почва за работа на нашите ликовни уметници и творци. Во тој контекст, Охрид е непресушна инспирација за домашните роднокрајни сликари кои се во постојана потрга по мотиви од Охрид и охридската неповторлива и непресушна убавина. Се чувствувам како дел од овие сликари кои го имаат пред себе небесниот охридски раскош за ликовно творење.

Охриднет: Сликарскиот талент, велат е во генот и е наследен.По Вашиот пат продолжува и синот Климент? Ви значи ли тоа и дали Климент добива ликовни совети од таткото-големиот мајстор на платното и боите?

Јордан Манасиевски: Несоменео дека генот е вечен. Генетските предиспозиции очигледно се видливи кај мојот син Климент кој успешно напредува во техниката пастел со мотиви од Охрид и езерското крајбрежје. Ме радува што кај него се јавуваат импресионистички и експресионистички мигови во доживувањето на пејсажот и староградските мотиви. Ретко му давам совети, го оставам најнапред самиот да ги искаже своите перцепции и интимни чувства на платното, така ќе биде свој и препознатлив во ликовниот свет. Нека се кали и нека се гради сам, само така ќе постигне свои успеси.
Големиот уметник Манасиевски вели дека живото е љубов и надеж.Спонтано нека тече како река која еднаш ќе се влее во морето на вечната порака, да создаваме, да се радуваме и сакаме, да твориме од длабочините на душата со благопријатни емоции, зошто животот не познава граници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани