Mери Бајрамоска ,,Во светот на успешните”

Во светот на успешните оваа недела на Охриднет и една дама. Станува збор за Мери Бајрамоска популарен мејкап артист од Охрид .

Да, во современиот свет мејкап артистите се многу важен дел од модниот живот. Успешната охриѓанка е позната по сензационалните трансформации, кои успева да ги направи со умешните раце и квалитетната козметика.

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..

Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

Убавата Мери е впечатлива,  атрактивна жена, сопруга и мајка на две деца, постојано вработена на охридскиот аеродром ,,Свети Апостол Павле”. Шминкањето и е пасија, хоби, уметност…. Нејзините мејкап трансформации  денес се сензација на социјалните мрежи инстаграм, фејсбук…. Со 100 000 следбеници  na instagram (најмногу во земјава)  Мери Македонија е амбасадор на нашата земја ширум светот…. 


ОХРИДНЕТ: За добрите стилисти велат дека се вистински ументици.. Дали шминката е уметност?

МЕРИ БАЈРАМОСКА: Да токму така шминката е уметност ,а уметоста е како љубовта, не можете да и ставите крај кога ќе ви затропа на срцето. Се сеќавам, уште како дете бев вљубена во разновитоста на боите, во цртањето, во се она што ја претставува уметноста. Моите дланки ја имаат таа умешност да бидат креативни да цртаат на платно, едноставно, сите сме родени со некоја дарба. Но, шминкањето… тоа е мојата прва љубов, моја пасија… тоа е за мене вистинска уметност. Да насликаш убавина на нечие лице и за возврат да добиеш задоволство од другата страна- тоа е вистинското чувство кое не може да се опише со зборови, може само да се доживее. Велат, уметноста е наследна… токму така, јас ја наследив од мојата мајка, а мојата шест годишна ќеркичка уште од сега будно ме следи додека работам и пребарува по чаничките со шминка… . Ова е мое хоби, мое катче каде се чувствувам вистински своја. Бидејќи уметноста нема почеток, ниту крај… “


ОХРИДНЕТ: По она што ве следиме на социјалните мрежи користите врвна квалитетна козметика …. Кажете ни кои компании ?

МЕРИ БАЈРАМОСКА: Не е доволна само моќта на дланките туку и квалитетот на поизводите со кои се шминкате. Во мојот салон за убавина ќе бидете дел од најреномираните брендови кои се движат со репутација за иновации, софистицираност и супериорен квалитет на ниво на престиж на ултра премиум луксуз: M.A.C.- Urban Decay – Estée Lauder – Bobbie Brown – Make Up For Ever – Sephora – Lancôme. Anastasia Beverly Hills , Huda Beauty ,Тhe Balm Cosmetics , ICONIC LONDON и многу други брендови кои се синоним во целиот свет каде шминката претставува уметност, со талентирани уметници со стил, чија елегантност ги красат страниците на сите водечки списанија и со кој се достигнува врвот во козметичката уметност. Токму затоа одбрав да работам со високо квалитетни фирми бидејќи сметам дека секоја жена го заслужува најдоброто.

ОХРИДНЕТ:  Колку е важно да се следат модните текови? Популарна сте и по контурирање на тело и лице со кое се покриваат маните а се истакнуваат убавите црти…..

МЕРИ БАЈРАМОСКА: Модата не стои во место и затоа секогаш треба да се следат модните трендови и навреме да се известува за новите модни текови во шминкањето. Кога почнав да шминкам имав голема желба и љубов,но тоа е само првиот предуслов,понатаму тие два предуслови треба цело време да се потхрануваат со многу работа ,пратење на светски трендови, инвестирање,креативност и уште повеќе желба и љубов.
Контурирањето привлекува сè повеќе обожавателки, но совладувањето на вештината на успешно сенчење и истакнување на одредени делови од лицето и телото е голем предизвик.


ОХРИДНЕТ: Мери за Вас пишуваа и светски познати медиуми… Кажете ни што ги интересираше?

МЕРИ БАЈРАМОСКА: Да, јас ја имав таа привилегија за мене да пишуваат светски реномирани медиумски куќи како dailuymail, cosmopolitan.com,… а ме снимаа и некои Телевизии меѓу кои и турската Тv8… 
Чекорите за eден од најголемите трендови во шминкањето а тоа е контурирањето: уметност за склуптурирање на лицето и телото со користење на техники за осветлување и сенчење. Еве во продолжение дел од линковите кои беа објавувани во медиумите за мојата работа…… 

http://www.dailymail.co.uk/femail/article-3485733/How-six-pack-just-MAKE-Vlogger-reveals-diamond-contouring-trick.html
http://www.glamourparis.com/beaute/le-bon-geste/articles/fini-les-regimes-place-au-legs-contouring-/41779

http://www.glamourparis.com/beaute/le-bon-geste/articles/fini-les-regimes-place-au-legs-contouring-/41779

http://www.cosmopolitan.com/style-beauty/news/a56381/leg-contouring/

http://www.bild.de/byou/2016/make-up/jetzt-wird-alles-gecontourt-45753758.bild.html

 

ОХРИДНЕТ: Вие сте мајка на две прекрасни деца… Како наоѓате време да бидете успешна и на работа на аеродром , но и во мејк ап уметноста?

МЕРИ БАЈРАМОСКА: Без љубовта  и подршката од моите деца успехот е скоро невозможен, во било кое поле. 
Немањето време не може да биде оправданине за некои важни работи во животот. Вие имате 24 часа за трошење секој ден и самите избирате на што ќе ги потрошите. Доколку немате доволно време за да го повторите материјалот за испит, да отидете на пијачка со пријателите или да прочитате книга, тоа не е затоа што немате време, туку затоа што така сте одлучиле. Наместо овие активности сте избрале да правите нешто друго.
Така и јас покрај работата која што ја работам со задоволство на Аеродром веќе 17 години ,одлучив остатокот од времето да го поминувам креативно со шминкање, кое ми дава многу повеќе сила понатака да се справам со домашните обврски и да се посветам со љубов максимално на моите деца
Ништо не би било доволно и целосно, доколку ја немав вистинската подршка од мојот сопруг и мојата фамилија, бидејќи само така се постигнува вистинскиот успех во она што го сакаме и го работиме со задоволство. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани