МПС и ИПА Македонија во Охрид потпишаа договор за соработка

Полициските здруженија ќе соработуваат по многу основи.

Викендов во Охрид беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат (МПС) и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија.
Меморандумот предвидува интензивна соработката помеѓу полицискиот синдикат и меѓународното полициско здружение ИПА, темелена врз основа на следниве принципи: искрена и колегијална соработка, неполитичка и стручна соработка, меѓусебна солидарност, поддршка и меѓусебно почитување и почитување на секој член на МПС и ИПА, информира м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.
-Во меморандумот се предвидени организации на стручни заеднички семинари, работилници, спортски, културни, промотивни и други настани со цел јакнење на професионалните вештини на полициските службеници, јакнење на колегионалноста и градење на меѓусебниот углед на домашно и меѓународно ниво. Предвидени се и други форми на меѓусебна професионална соработка, изјави претседателот Димоски.
Меморандумот за соработка беше потпишан од Златко Цветковски,генерален секретар на Македонскиот полициски синдикат и Игно Стојков , координатор за активности на ИПА со МПС и претседател на ИПА регион Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани