Нивото на Црн Дрим три пати пониско

Трипати пониско од просекот за август е денеска нивото на реката Црн Дрим кај Ложани, наместо 121 сантиметар, изнесува 39, информира УХМР.

 

Намалување на водостоите речиси повеќе од двојно е забележано и кај водостоите на Вардар во мерните места Јегуновце, Скопје – Зајчев Рид и Велес, на Крива Река кај Крива Паланка, како и на Сатеска кај Ботун.

Поголеми отстапувања нема на Вардар кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод и на Брегалница кај Берово, а минимално зголемување на нивото, за само три сантиметри, покажува Пчиња кај Катлановска Бања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани