Охрид „врие“ од туристи.
Викендов наликува како среде сезона. Бугари, Срби, Црногорци и Албанци се најбројните гости кои деновиве користат новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро.
Вечерва на градскиот плоштад ќе има масовен дочек на Новата година во организација на Здружението на охридскиот угостителски еснаф и ХОТАМ.
Ќе настапат охридските музички ѕвезди: Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
