Поезијата на Славе Ѓорго препеана на руски

Поезијата на охриѓанецот Славе Ѓорго Димоски е препеана и објавена во московскиот „N.ARDIS“.

Во угледното списание „N.ARDIS“ кое излегува во Москва, објавени се препеви на руски јазик од поголем циклус на поезијата на охридскиот и македонски поет, Славе Ѓорѓо Димоски.Препевот на руски е од Олга Панкина- поетеса и директор на Македонскиот културен центар во Москва. Таа е голем афирматор на македонската литература во руската јазична средина.Панкина преведувала голем број македонски автори, меѓу кои „Големата вода“, од Живко Чинго, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Папокот на сетот“ од Венко Андоноски, „Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ многу други автори.Осумнаесет оделни поетски книги на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За поезијата на Славе Ѓорго напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани