Пристигнаа моштите на Спаса Вишенска во Света Софија

Светиот архијерејски синод на Македонската Правсолавна Црква — Охридска Архиепископија, исповедниците и праведни Спасе и Cпaса Вишенски ги вбројува  во редот на светиите. Вчера и денес  во струшкото село Вишни и во Охрид  се случува  свечениот чин на канонизација, односно ќе се круниса или заврши еден процес што е започнат пред речиси еден век, со откривањето на моштите на света Спаса.

Вчера попладне во црквата Свети Атанасаиј В=во струшко Вишни се одржа богослужба, миење и подготовка на моштите на Света Спаса, а потоа беа донесени во катедралната Света Софија, каде утрово ќе продолжи свеченоста.

На Литургијата утрово  со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со сите архиереи на нашата помесна Црква, како пто веќе спомнав, ќе биде објавена одлуката за впишувањето во списокот на светиите, на праведните Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, по што Архиепископот ќе ја благослови нивната икона и со истата ќе го благослови сиот верен народ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани