Свети Спасе и Света Спаса впишани во редот на светиите

МПЦ од денес е  побогата со двајца нови светители. Свети Спасе Вевчански и Св Спаса Вишенска  со одлука на Синодот на МПЦ беа канонизирани  во катедраланата Св Софија во Охрид.

Процесот траеше речиси еден век, се собираа научни факти, докази, сведоштва …. насликана е икона, испишани се житие и акатист.

– И во периоди кога сме биле подвластени и црковно и национално и тогаш кога да се биде христијанин се губело и глава и во времиња во кои да се служи на црковно словенски јазик и да се проповеда на мајчиниот јазик било забранувано и казнувано ете и тогаш нашиот народ се држел до својата вера и раѓал личности кои ја живееле евангелската максима“, рече г.г. Стефан.

– „Денес ја сведочиме живата црква во македонија, канонизацијата на новите македоснки светители што е особено значајно, голема духовна придобивка но и белег на едно наше време кое свртено наназад низ вековите сведичиз а еден свет живот на двајца наши светители“, вели Даријан

Култот кон двајцата светители Спасе и Спас,  кои биле брат и сестра од струшкото село  Заграчани, а животот го минале во манастирите во Вевчани и Вошни , во Јабланичкиот и струшкиот регион трае со векови. Верниците со радост го дочекаа нивното впишување во Диптихот на светиите.

Ние од Кичево сме дојдовме да направиме чест на Света Софија, ние сме православни.

Многу премногу е значајно, ние треба да се одржуваме како православни и мило ми е што имаме плус двајца светители

Ова е осветување на Свети Спас и Света Спаса голем христијански празник за сите наши  светители

На свечениот чин на канонизација покрај големиот број верници од зенјава,   свештенството на МПЦ , имаше и гости од Српската и Бугарската православна црква.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани